Светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо присуствуваше на вечера во Белата куќа со престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, и американскиот милијардер и сопственик на Тесла, Илон Маск.
Пред настанот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му е чест да биде домаќин на Роналдо, кој преку својата улога во саудиската фудбалска лига, стана лице на модернизацијата на земјата под водство на престолонаследникот, објави денес Би-Би-Си.
Службеник на Белата куќа претходно го потврди присуството на Роналдо, но не прецизираше дали тој е дел од официјалната делегација на Бин Салман.