Словачка сака НАТО да ја зајакне својата воздушна одбрана

Словачка се спротивставува на политиката на Европската Унија за поддршка на Украина против руската инвазија, а Фицо го повтори тој став на средбата со Руте - дека неговата влада нема директно да снабдува смртоносно оружје со Киев, иако ќе направи исклучок за трговските договори.

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Фејсбук/Роберт Фицо

Словачка сака НАТО да ја зајакне воздушната одбрана на земјата на нејзиното источно крило, изјави премиерот Роберт Фицо по средбата со генералниот секретар на алијансата, Марк Руте, објави Ројтерс.

За време на разговорите во Братислава со Руте, Фицо, исто така, ги бранеше плановите на Словачка самостојно да одлучува за темпото и структурата на трошоците за одбрана во наредните години, во услови на зголемени воени инвестиции во повеќето земји од Алијансата.

Словачка се спротивставува на политиката на Европската Унија за поддршка на Украина против руската инвазија, а Фицо го повтори тој став на средбата со Руте – дека неговата влада нема директно да снабдува смртоносно оружје со Киев, иако ќе направи исклучок за трговските договори.

„За време на заедничката дискусија, тој побара од генералниот секретар да ја зајакне воздушната одбрана на Словачка“, соопшти владата во Братислава во соопштение за средбата синоќа, без да даде дополнителни детали.

Словачка се обидува да ги зајакне своите капацитети за воздушна одбрана во последните години, вклучително и со набавка на одбранбени системи од Израел и купување нови борбени авиони Ф-16.

Исто така, таа е меѓу источните земји од ЕУ кои во септември се согласија за потребата од таканаречен „ѕид против дронови“.

Слични содржини