Патот до успехот води преку менување на ситните навики

Успехот не доаѓа преку ноќ. Тој е резултат на секојдневни одлуки, упорност и правилно формирани навики. Дел од успешните луѓе честопати имаат навика кажат дека не постои тајна формула за успех, туку само насочување на енергијата кон подобри избори. И тоа е она што ја прави разликата.

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Успехот не доаѓа преку ноќ. Тој е резултат на секојдневни одлуки, упорност и правилно формирани навики. Дел од успешните луѓе честопати имаат навика кажат дека не постои тајна формула за успех, туку само насочување на енергијата кон подобри избори. И тоа е она што ја прави разликата.

Затоа, потребно е постојано да се поправате и насочувате кон тоа што води до успех. Самодисциплината е она што го одвојува просечното од исклучителното. Понекогаш, треба да направите нешта што во моментот не ги сакате, но ако тие водат кон патот до успехот, тогаш тоа е вистинскиот избор.

Еве ги навиките на успешните луѓе што и вие можете да ги примените, почнувајќи уште во овој момент:

Утрата се за душата, одмор, кафе – Ја знаете популарната изрека „работата не е зајак за да може да избега“. Се чини дека ова правило го следат успешните луѓе, кои си даваат шанса да го започнат денот со релаксирачки ритуали.

Разложете ги проблемите така што ќе ги отстраните претпоставките и лошите заклучоци, а на крајот ќе остане само прашањето за кое лесно ќе го најдете вистинскиот одговор.

Водете дневник на благодарност – На крајот од денот запишете ги работите за кои сте благодарни и сте ги направиле добро, за да си дадете „ветар во грб“ за следниот ден, следната работа, постигнувањето нова цел.

Опкружете се со луѓе кои инспирираат – Сигурно сте ја слушнале изреката „Со кого си, таков си“. Успешните луѓе се опкружени со оние кои ги охрабруваат секогаш да бидат подобра верзија од себеси.

Дуалност – Успешните луѓе нема да дозволат да има разлика меѓу нивното однесување и изразување. Тие секогаш ќе се држат до своите одлуки, дури и ако ги донеле неволно.

Што значи дуалност? На пример, додека користите цигари, сте почнале да ги употребувате и алтернативите без чад бидејќи сакате да направите подобар избор во животот. Зошто ова не е добро? Додека се држите до старите навики никогаш нема целосно да ги почувствувате придобивките од алтернативите. Таа дуалност ве спречува да ја постигнете целта и да му дадете шанса на овој втор избор, кој може да се покаже како подобар за вас. Ако се откажете од старите навики и одлучите да им дадете шанса на подобрите алтернативи, тоа значи дека не се ограничувате и отворени сте за нови искуства.

Навиките тешко се менуваат, но со целосно прифаќање на подобрите алтернативи, можете да ги зачувате вашите ритуали, а сепак да имате помалку штетно искуство. Бидете упорни, подигнете ја вашата самодисциплина на повисоко ниво и истрајте во подобрите животни избори.