Навроцки: Секој план за завршување на војната во Украина мора да биде прифатен во Киев

Тој нагласи дека „цената на мирот во никој случај не може да биде постигнување на стратешките цели на агресорот“.

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/АП

Секој план за завршување на војната во Украина мора да биде прифатен во Киев, изјави полскиот претседател Карол Навроцки, реагирајќи на информациите дека САД му сигнализирале на украинскиот претседател Володимир Зеленски за потребата Украина да ја прифати рамката на САД за мировен договор со Русија.

„Украина е жртва на криминалната агресија на Путин и Украинците – со поддршка на САД и земјите од ЕУ – мора да имаат одлучувачки глас во мировните преговори“, напиша Навроцки на платформата X.

Тој нагласи дека „цената на мирот во никој случај не може да биде постигнување на стратешките цели на агресорот“.