Приштина од утре ќе остане без јавен превоз поради политички блокиран буџет, вели градоначалникот Рама

Тој рече дека ова се случува затоа што буџетот на Приштина е „блокиран од целосно политички причини“ од страна на косовското Министерство за финансии, велејќи дека ова е прв пат во историјата на Косово владата да ги блокира сопствените приходи на главниот град.

од Vladimir Zorba
2 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Стрефи

Главниот град на Косово, Приштина, ќе остане без јавен превоз од утре, 24 ноември, објави денес градоначалникот Парпарим Рама, цитиран од весникот „Коха Диторе“.

Тој рече дека ова се случува затоа што буџетот на Приштина е „блокиран од целосно политички причини“ од страна на косовското Министерство за финансии, велејќи дека ова е прв пат во историјата на Косово владата да ги блокира сопствените приходи на главниот град.

Изјавите на Рама, кој е од опозициската Демократска лига на Косово (ЛДК) и освои втор мандат на локалните избори оваа година, дојдоа по состанокот со претставници на градскиот превоз и приватната транспортна компанија, кои беа информирани „дека од утре јавниот превоз во главниот град (на Косово) ќе биде суспендиран“.

„Повеќе од една година бараме распределба на буџетот што му припаѓа на главниот град. Ниту едно барање не е разгледано, а буџетот е блокиран од чисто политички причини. Министерството за финансии блокираше 35 милиони евра, кршејќи го законот, од кои 25 милиони се сопствени приходи, а 10 милиони се владини грантови“, рече Рама.

Градоначалникот на Приштина додаде дека поради оваа причина поднел кривична пријава против министерот за финансии во заминување, Хекуран Мурати, и други одговорни лица за кршење на законот. Рама додаде дека се обратил и до премиерот Албин Курти и до претседателката Вјоса Омани, и побарал итно разгледување на прашањето од страна на Уставниот суд на Косово.

Компанијата „Урбан транспорт“ (Трафику Урбан) исто така издаде соопштение на Фејсбук по средбата со Парпарим Рама.

„Како резултат на овие (финансиски) тешкотии и недостаток на гориво, ние сме должни, против наша волја, да го прекинеме движењето на сите линии на јавниот превоз (во Приштина), од 24 ноември 2025 година. (…) Движењето ќе биде обновено веднаш по распределбата на средствата од страна на Министерството за финансии, што ќе ѝ овозможи на Општина Приштина да ги плати своите финансиски обврски кон компанијата“, се вели во соопштението, цитирано од Коха Диторе.