Зошто владата го штити Трипуновски за мега скандалот со ИПАРД средствата, прашуваат од СДСМ

СДСМ обвинува: „Трипуновски бега од вистината за скандалот со ИПАРД, не дава одговори на клучните прашања“

од Nikola Popovski
11 прегледи

Две недели по обелоденувањето на мега-скандалот со ИПАРД средствата, министерот Цветан Трипуновски бега од одговорност и од вистината за суспензијата на над 130 милиони евра европски пари, велат од СДСМ. Дополнително, наместо конкретни одговори, додаваат од партијата, тој на официјално барање од собраниско тело испраќа документ без содржина, без причина за суспензијата, без рокови, без план како да се надмине кризата.

-Едно големо ништо. Тоа е срам, тоа е навреда за 3.000 потенцијални нови бизниси, за 10.000 работни места кои сега се блокирани, и за сите земјоделци кои со години вложуваат труд, кредити и лични пари за да ги реализираат своите инвестиции.

Прашањето е зошто владата го штити Трипуновски за мега скандалот со ИПАРД средствата, прашуваат од СДСМ.

Наместо да се обидува да го минимизира скандалот, истакнуваат од партијата на Венко Филипче, владата треба да го повика Трипуновски на одговорност.

-Министер кој јавно тврди дека не чувствува одговорност за скандал тежок 130 милиони евра од сопствениот ресор не смее да остане на функција. Министер кој ја крие вистината од земјоделците и кој го загрозува нивниот опстанок нема кредибилитет да го води земјоделството, стои во партиското соопштение.

Ништо не се крие во постапката за суспензијата на ИПАРД програмата, во која се ангажирани и извршната и судската власт, велат од Владата. Додаваат дека опозицијата обвинува за нешто што самите го правеа во минатото, а ставовите ги формираат врз основа на нивните минати постапки.

Владината портпаролка вели, владата е стабилна и продолжува со заложбите за унапредување на животот на граѓаните.

Слични содржини