Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп изразил отвореност за развој на заеднички мировен план за Украина, оценувајќи дека ова се резултатите што делегациите на Украина, САД и европските земји ги постигнаа во Женева.
„Го поздравуваме привремениот резултат. Некои прашања се разјаснети, но исто така знаеме дека мирот во Украина нема да се случи преку ноќ“, рече германскиот канцелар на маргините на самитот ЕУ-Африканска унија, објави Ројтерс.
Мерц претходно изјави во интервју за Дојче Веле (DW) пред самитот дека тој, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, ги презентирале своите предлози за мир во Украина.