Германската автомобилска индустрија страда

Германската автомобилска индустрија изгуби повеќе од 48.700 работни места за една година, покажуваат најновите бројки од германската статистичка служба Дестатис.

од Vladimir Zorba
6 прегледи Фотографија: usertrmk/Freepik.com

Германската автомобилска индустрија изгуби повеќе од 48.700 работни места за една година, покажуваат најновите бројки од германската статистичка служба Дестатис.

Загубите на работни места претставуваат пад од околу 6,3 проценти од вкупната работна сила во секторот, соопшти агенцијата, додавајќи дека бројот на вработени на крајот од третиот квартал од 2025 година изнесувал 721.400, што е најниско ниво од вториот квартал од 2011 година, објави Дојче Веле.

Според Дестатис, автомобилската индустрија останува втор најголем индустриски работодавач во Германија, по машинската индустрија, која вработува 934.200 работници.

Вкупниот број на индустриски работни места во земјата се намали за 2,2 проценти на годишно ниво, но загубата во автомобилскиот сектор значително го надминува просечниот тренд.

Слични содржини