Француските власти уапсија четири лица осомничени за шпионажа за Русија и проруска пропаганда.
По 96 часа притвор, француските обвинители подигнаа обвинение против три лица за економска шпионажа и пропаганда за странска земја. Четвртото лице е ослободено под судски надзор.
Меѓу уапсените е и основачот на здружението СОС Донбас, официјално регистрирано како хуманитарна организација. Со месеци таа е на нишан на француското разузнавање, кое ги докажа нејзините шпионски активности меѓу француските економски кругови на Русија, како и организирање дестабилизирачки акции во Франција.
Еден од уапсените е снимен како лепи постери со кои ја фали руската армија на Триумфалната капија во Париз, а потоа телефонски известува за мисијата што ја исполнил основачот на здружението.
Двајца од уапсените се од руско потекло, другите се родени во Франција, според обвинителството, цитирано од „Ле Паризиен“ и „Франс Инфо“. Казната по овие обвиненија може да достигне 10 години затвор.