Кога го напишав „отвореното писмо до Денко Малески“, во кое ги изразив своите аргументи, вчудоневиден и „згрозен“ од пишувањата на мојот поранешен професор во однос на руската воена и бестијална агресија врз Украина, на многумина мои пријатели, познаници, блиски им реков дека не очекувам „одговор“ од професорот Малески, но на еден му реков дека очекувам промптно „реакција од Кикифрики“. Така и бидна. Тоа беше евидендентен доказ, колку е само глуп, да и самиот кутриот, не е свесен колку е глуп. Напален како млад мајмун, бидејќи во „писмото“ до Малески, го цитирав Тричковски, а овој гревов е опсесивно-компулсивно опседнат со Тричкота, па ме „спружи“ во неговиот медиум, опишувајќи ме како „пропагандист на СДСМ“. За оваа брутална клевета и лага, излезена од кикифритезата на злото, мој пријател ме советува дека треба да биде тужен, бидејќи изнесува брутална невистина, директно посочувајќи ме во неа. Понатаму тој ме укорува, како сум смеел да се спротиставам на „аргументираните тези на професорот за мир во Украина“. Тоа било невидено безобразие од моја страна. Замислете, колку неверојатно. Кикифрики влегол во улога тој „да дисциплинира“ јавни говори, колумни и искази, а обвинува дека јас го правам тоа, демек кон г-динот Малески. Што е уште една ноторна небулоза и лага, бидејќи, ниту на крај памет ми паднало или пак би си дозволил, не на Денко, ами на било кој да му „забранам“ што да напише. Од нигде никаде од моја страна ниту предизвикан, ниту испровоциран, Кикифрикот во нему познат стил ме нападна , исто онака како што своевремено ме нападна, од ништо засегнат и испровоциран, едно грозно, одвратно, антипатично суштество,кое во јавноста е претставено како „дипломат од кариера“, кое ме нарече „платеник на Софија“, изреволтиран од моите колумни во еден дневен весник, на времето. И нормално, следователно си доби назад по грозната долна вилица, која е доказ дека теоријата за еволуцијата на Чарлс Дарвин, во нашиов конкретен пример не го поминала тестот на времето. Но доста се занимаваме со морални ништожници, опскурни грозни гадови, кои научени 35 години да пливаат во канализацијата на македонскиот медиумски и секаков отпад, се дрзнуваат беневолентно, што се вели „ од ракав“ да денунцираат и дискредитираат секој што ќе им застане на патот, или пак за кој добиле дебело платена нарачка. Обвинувајќи ме мене дека примам директиви , директно од Бихаќка.
Брутален сум да, критичар на ова и вакво СДСМ!
Моите читатели, многу добро знаат каков е мојот став за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија , поготово за ова вакво „венково“ СДСМ, целосно претворено во приватна своина и фирма на криминалниот клан од Дубаи, но да му подразјасниме на тој што фрли неколку незаразни грозни полни со лаги и клевети плунки во негова колумна од неговата кикифритеза на злото. Имено, долго време, наназад, отворено, постојано, јасно, јавно и гласно, пишувам дека СДСМ веќе не е политичка партија, ами претворена приватна ДООЕЛ фирма на кланот од Муртино, или од Дубаи сеедно. И дека таканаречениот лидер е ништо повеќе од октроиран измеќар на „мафијашкиот клан од Дубаи“, влезен дури во ОМЕРТА: односно, и да сака, кутриот , не може да се повлече повеќе назад, бидејќи одамна „плива во длабокото“. По завршување на локалните избори, кога навистина платените пропагандисти од ПР кујните на оваа политичка партија, даваа соопштенија во кои го релативизираа епскиот и катастрофален пораз на партијата со некакви објаснувања дека „ВМРО-ДПМНЕ е во паника бидејќи изгубило над 140.000 гласови“ или дека „СДСМ има тренд на нагорна линија во многу општини“, целосно ги фрлив „дипломатските ракавици“ и почнав дрско да ги разобличувам. Е тука, навистина БРУТАЛНО критикувајќи ги овие неболузи , со кои се сакаше да се потцени интелигенцијата прво на сопствените членови и симпатизери , па потоа и на целокупната македонска јавност, во моите јавни настапи реков: „ на неврохирургот му треба добар невропсихијатар“. Е сега, да прашам: каков е тој пропагандист кој прима директиви и наредби од „Бихаќка“ кога дава вакви квалификации за т.н претседател, за претходниот претседател со неговиот добропознат брат и нивната улога во криминализирањето и корумпирањето на партијата, претворајќи ја во приватна своја прчија од некогаш „ државотворна партија“? А драг Кикифрикче?!
Слободата за мене-нема цена!
Јас за разлика од тебе сум слободен човек. И можам за секого, баш се, да го кажам своето мислење. Ниту некогаш сум „примал директиви, ниту некогаш ќе примам нарачки“. Тоа да ти биде како бел ден јасно. Еве ги директивите и нарачките од Бихаќка. Погоре објаснети. За крај, да ти стане уште појасно: во неколку наврати една шизофреничарска дијагностицирана будала, веројатно по нарачки кај нејзе во инбокс, исто така, грозно и гадно, слично налик тебе ме клеветеше. Неколку пати, без да и обрнам внимание, бидејќи не ми е ни до колена. Ја чекам повторно, овој пат на пенал, да и посветам неколку редови и да ја потсетам за „времињата“ кога лепеше химни од СДСМ на својот ФБ ѕид, и припадниците на денес владејачката партија ги нарекуваше „вмројни“. За сега како пуштен пес од ланец да ги брани. Секако не за пари, ами од сопствени идеолошки убедувања! Не дека тие не знаат, но да ги потсетиме гледачите и почитуваната публика. За друг пат да ти стане јасно, кога произволно ќе се дрзнеш, невидено и безобразно да ме клеветиш за „пропагандист на СДСМ“, да знаеш со кого си си фатил работа. Од тебе ниту барам извинување, ниту покајание. Тоа се бара од човек. Ти за мене, ниту си бил, ниту некогаш ќе бидеш. Но сепак, ти посакувам добро, и добро здравје. Особено ментално, кое ќе ти треба!
Благојче Атанасоски
Ставовите искажани во рубриката „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „Локално“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.