Румена Бужаровска меѓу највлијателните жени за 2025 година

Бужаровска е избрана за една од десетте добитнички на наградата Жена на годината на Harper's Bazaar

од Nikola Popovski
10 прегледи Фејсбук профил на Румена Бужаровска

Румена Бужаровска е избрана за една од десетте добитнички на наградата Жена на годината на Harper’s Bazaar, заедно со имиња како Јосипа Лисац, костимографката Бојана Никитовиќ, режисерката Катарина Богдановиќ Кукла и уште низа истакнати жени од регионот кои ја обележаа 2025 година со своите професионални достигнувања.

Декемврискиот број на Harper’s Bazaar е целосно посветен на нивните приказни. Во него читателите ќе го најдат и ексклузивното интервју на Бужаровска со Маша Сенишиќ, проследено со впечатливи фотографии од Невена Лукиќ.

Свечената гала-вечер и доделувањето на наградите се одржаа на 28 ноември, во Центарот „Сава” во Белград, во атмосфера исполнета со инспирација, стил и славење на женското лидерство.

Книгите Тони и Господ, па Америка продолжуваат да бележат голем успех во регионот, откако беа преведени и објавени во повеќето земји од поранешна Југославија и пошироко.