Приштина без јавен превоз веќе втора недела

Јавниот превоз запре минатиот понеделник, 24 ноември, поради блокирани средства на општина Приштина, за што градоначалникот на општината, Парпарим Рама, кој е од опозициската Демократска лига на Косово (ЛДК), го обвини Министерството за финансии. Средствата се потребни за покривање на финансиските обврски на општината кон компанијата „Градски транспорт“ (Trafiku Urban)

од Vladimir Zorba
5 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/РТК3

Косовскиот главен град Приштина е без јавен превоз веќе втора недела, јавуваат косовските медиуми.

Јавниот превоз запре минатиот понеделник, 24 ноември, поради блокирани средства на општина Приштина, за што градоначалникот на општината, Парпарим Рама, кој е од опозициската Демократска лига на Косово (ЛДК), го обвини Министерството за финансии. Средствата се потребни за покривање на финансиските обврски на општината кон компанијата „Градски транспорт“ (Trafiku Urban).

Иако општинскиот совет на косовскиот главен град отвори пат за деблокирање на средствата, кои изнесуваат 28 милиони евра, на вонредна седница на 27 ноември, вработените во јавниот превоз изјавија дека ќе протестираат додека не им се исплатат платите, објави Коха Диторе.

Владејачкото левичарско движење Самоопределување (ЛВВ) вчера соопшти дека Министерството за финансии префрлило 28 милиони евра на општина Приштина, но финансискиот директор на општината изјави дека до вчера попладне средствата не се префрлени, објави изданието.

Протестите на вработените во јавниот превоз се одржуваат секој ден помеѓу 10 и 12 часот по локално време пред зградата на општина Приштина, објави Косовската радиотелевизија.