Путин во воена униформа одржа говор, најави нови операции: „Ги имаме Покровск и Вовчанск“

Според руските агенции, Путин рекол дека заземањето на Покровск и Вовчанск е клучно за продолжување на она што Москва сè уште го нарекува „специјална воена операција“, и покрај фактот дека инвазијата на Украина трае повеќе од три и пол години.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Принтскрин/Ројтерс

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека заземањето на стратешки важниот украински град Покровск ѝ овозможило на руската армија „да напредува во остварувањето на задачите“ на офанзивните операции во Украина, објавија руските државни медиуми.

Путин се појави во неделата во воена униформа за време на посетата на команден пункт, нагласувајќи дека тоа е, како што го нарекува, „важен правец“.

Според руските агенции, Путин рекол дека заземањето на Покровск и Вовчанск е клучно за продолжување на она што Москва сè уште го нарекува „специјална воена операција“, и покрај фактот дека инвазијата на Украина трае повеќе од три и пол години.

„Руските вооружени сили сигурно имаат иницијатива и продолжуваат да ги исполнуваат задачите на операцијата, напредувајќи во практично сите правци“, рече Путин, додавајќи дека Украина наводно не е во можност да одговори на руските пробиви.

Тој особено ги истакна случувањата на југот на земјата, тврдејќи дека руските сили напредуваат во Запорожјето.

Путин во своето обраќање зборуваше и за тешките загуби на украинската армија, нарекувајќи ги „трагедија за украинскиот народ“. Тој нагласи дека, според Москва, „иницијативата е целосно во рацете на руските вооружени сили по целата линија на контакт“.

Киев не ги коментираше веднаш наводите на Путин, додека борбите во источните и јужните региони продолжуваат без знаци на смирување.

Слични содржини