Закажи преглед со еден клик – „Аџибадем Систина“ воведе модерен систем за онлајн закажување

Како современа болница чијшто приоритет се пациентите и достапноста на медицинските услуги, „Аџибадем Систина“ воведе нов модерен онлајн систем за закажување на термини, достапен 24/7.

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: „Аџибадем Систина“

Како современа болница чијшто приоритет се пациентите и достапноста на медицинските услуги, „Аџибадем Систина“ воведе нов модерен онлајн систем за закажување на термини, достапен 24/7.

Отсега, пациентите можат бргу и едноставно да закажат преглед директно преку мобилен телефон, компјутер или лаптоп – без чекање и без телефонски повици. Новиот систем овозможува практичен, модерен и сигурен пристап во време што најмногу им одговара на пациентите.

Воведувањето на онлајн закажување е важен чекор во дигитализацијата на нашите услуги и унапредувањето на квалитетот на грижата што ја добиваат пациентите.

Покрај новата онлајн услуга, Контакт-центарот на болницата и натаму е достапен за пациентите како поддршка. Во Контакт-центарот на телефонскиот број 02 30 99 500 можете да ги добиете сите потребни информации за услугите на болницата и да закажете преглед.