Советниците на ВМРО-ДПМНЕ нема да го подржуваат Менди Ќира во Струга, Мицкоски бил разочаран од него

Лично му испратив порака на градоначалникот дека сум разочаран. Ме убедуваше дека така било секоја година, но не е така – рече премиерот

од Vladimir Zorba
6 прегледи Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски му испратил порака на градоначалникот на Струга, Менди Ќира, изразувајќи „длабоко разочарување“ поради тоа што на Денот на aлбанското знаме во оваа општина не било истакнато македонското знаме покрај албанското што е спротивно на Законот за употреба на знамињата.

– Лично му испратив порака на градоначалникот дека сум разочаран. Ме убедуваше дека така било секоја година, но не е така – рече премиерот.

Тој рече дека градоначалникот имал шанса да се истакне како натпартиски градоначалник, градоначалник на сите граѓани, но дека не го сторил тоа.

Додаде дека не верува дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ во општинскиот совет ќе ја поддржат работата на градоначалникот.

Не мислам дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржат работата на овој градоначалник. Му кажав дека ова му е лош почеток, а втора шанса за прв впечаток нема. Првиот беше катастрофален – додаде Мицкоски.