Шведска постепено ќе ја намали помошта за развој за пет земји во наредните години и ќе ги пренасочи средствата кон зголемување на поддршката за Украина, соопшти шведската влада.
Нордиската земја планира постепено да ја намали помошта за Зимбабве, Танзанија, Мозамбик, Либерија и Боливија, изјави министерот за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија Бенџамин Дуса, пренесува Ројтерс.
„Украина е најважниот приоритет на Шведска во надворешната политика и помошта за развој, и затоа владата ќе ја зголеми помошта за Украина на најмалку 10 милијарди шведски круни во 2026 година“, рече Дуса.