ЕУ го казни X со 120 милиони евра за кршење на законот, TikTok избегна казна со спогодба

Одлуката за компанијата „X“ следеше по двегодишна истрага започната според Законот за дигитални услуги (DSA), кој бара од платформите да преземат поголема одговорност за заштита на корисниците и отстранување на штетна или нелегална содржина, објави Асошиејтед Прес.

од Vladimir Zorba
8 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/KVUE

Европската комисија денес ја казни социјалната мрежа X во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск со 120 милиони евра за непочитување на правилата на Европската унија за дигитални услуги, додека платформата TikTok избегна казна од Европската комисија преку спогодба.

Одлуката за компанијата „X“ следеше по двегодишна истрага започната според Законот за дигитални услуги (DSA), кој бара од платформите да преземат поголема одговорност за заштита на корисниците и отстранување на штетна или нелегална содржина, објави Асошиејтед Прес.

Комисијата соопшти дека платформата X е казнета за три различни прекршувања на транспарентноста пропишани со законот.