Мерц поднел стотици кривични пријави за навреди

Од 2021 година, Мерц поднел или поддржал стотици кривични пријави за наводни навреди, тврди и неделникот „Велт ам Зонтаг“, повикувајќи се на кривични пријави, истражни досиеја и писма од адвокати, и го опишува Мерц како еден од политичарите кои „најмалку поднесува навреди“.

од Vladimir Zorba
14 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ДВ

Германските медиуми денес објавија дека германскиот канцелар Фридрих Мерц наводно поднел стотици кривични пријави за навреди.

За време на неговиот мандат како претседател на Демохристијанската унија (CDU), централно-десничарска либерално-конзервативна политичка партија, Мерц поднел бројни кривични пријави за навреди и непријателски изјави, објавува неделникот „Шпигел“, наведувајќи дека во некои случаи биле претресени домовите на обвинетите.