Советот во општина Струга продолжуват да е нефункционален поради коалициски кавги. Денес советниците на ВМРО и “независните” советници на Мерко ја напуштија седницата, соопшти Јована Мојсоска од Левица.
„Причина: Вреди го ОДБИ барањето на ВМРО да се стави точка на дневен ред за избор на претседател на Совет. Иронијата да е најголема, ВМРО му донесе на Менди повеќе гласови од Вреди – за сега тие да ги саботираат :)))
П.С. Советниците на Мерко солидарно ја напуштија седницата со вмровците, а ВРЕДИ остана на седница. Да слушнам сега кој одработи за Мерко“, додаде таа.