Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска поднесе официјална пријава до Државната комисија за спречување корупција, околу случајот на „Сити Аутсорсинг“. Од партијата велат дека тоа е фирма која добила 161 тендер, вредни 9 милиони евра а само годинава заработила речиси половина милион евра. Фирма со семејни врски на Ивица Томовски, актуелниот директор на СОЗР со оваа фирма.
Според Петар Огњеновиќ од СДСМ, ДКСК минатата недела отвори предмет за овој случај, но нема да дозволиме тоа да биде само уште еден случај во кој се „перат“ функционерите на ДПМНЕ.
-Оваа пријава ја поднесуваме, со цел ДКСК темелно да ги испита донациите на Томовски кон ДПМНЕ, кој во неколку наврати надминуваат сума од 800.000 денари. Какво е потеклото на парите кој Томовски ги донира на ДПМНЕ? Дали донираните пари се поврзни со оваа фирма?
И веќе кога Томовски се огрдува и негира поврзаност со било каква фирма и приватен бизнис, од каде тогаш е потеклото на парите кои ги донира Томовски? Од каде има некој 800.000 денари да ги донира, од плата? ДКСК треба да истражи и да даде одговор на овие прашања, кажа Огњеновиќ.
Според него, граѓаните се заситени од празни реторика на институциите и предмети кои користат за да се исперат, како што вели, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност.
Антикорупциска отвори предмет за обвинувањата на СДСМ за семејната поврзаност на компанијата „Сити аутсорсинг“ со директорот на СОЗР и добивањето на 161 јавна набавка. За сличен случај, неполн месец порано, ДКСК не утврди конфликт на интереси кај Томовски за тендерот за обезбедување доделен на компанијата „Праеториан“.