Ученичка (14) повредена со нож во тепачка во средно училиште во Атина

Читиринаесетгодишна ученичка е повредена со нож во инцидент утрово во средно училиште во атинската населба Кипсели, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на информации од грчката полиција.

од Vladimir Zorba
19 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Читиринаесетгодишна ученичка е повредена со нож во инцидент утрово во средно училиште во атинската населба Кипсели, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на информации од грчката полиција.

Онлајн изданието на весникот „Катимерини“ објави дека утрово ученичката отишла во канцеларијата на директорот со рана на раката. Повредената девојка веднаш била однесена на преглед и лекување во детска болница во градот.

Првичните информации за случајот беа дека раната е предизвикана од остар предмет. Подоцна во текот на денот, државната телевизија ЕРТ објави дека полицијата пронашла нож со кој е извршено делото. Наводниот сторител – 16-годишно девојче, соученичка на жртвата – исто така е идентификуван.

Според полицијата, инцидентот се случил по тепачка. Ќе се спроведат испрашувања, вклучително и на наставници, за да се разјаснат сите околности околу инцидентот.