19-годишна девојка од Желино претепана од пет лица

Кривична за пет лица кои физички нападнале девојка

од Nikola Popovski
41 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с. Желино, тетовско.

Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.

Имено, според полицијата на 26. септември годинава во с. Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.