ИЗМЕНИ НА КРИВИЧЕН ЗАКОНИК: Одземање на возила за тешки дела за кои се предлага кривично дефинирање!

„Предлогот на законот содржи и одредби за хармонизирање на кривичните дела против безбедноста во сообраќајот и одземањето на предмети со пакетот предлог закони поврзани со проектот „Safe city“ – се наведува во предложениот текст

од Nikola Popovski
89 прегледи Фото: Локално

Во Предлог-законот за измени и допoлнувања на Кривичниот законик предложени се и нови санкции поврзани со проектот „Сејф сити“ кој сеуште е во пробен период.

„Предлогот на законот содржи и одредби за хармонизирање на кривичните дела против безбедноста во сообраќајот и одземањето на предмети со пакетот предлог закони поврзани со проектот „Safe city“ – се наведува во предложениот текст.

Освен затворски се предлага и парични казни за оние кои ќе го прекршат законот, па така членот 279 се менува и гласи :

„(1) Учесник во јавниот сообраќај кој не се придржува на прописите за безбедност во сообраќајот и со тоа ќе го загрози јавниот сообраќај безобѕирно управувајќи со моторно возило со концентрација на алкохол во крвта над 1,5 г/кг во крвта, со употреба на дроги, психотропни супстанции или прекурсори, возејќи во спротивна насока на јавен пат на кој коловозните ленти се физички одвоени една од друга или на автопат, претекнувајќи колона возила на непрегледно место или возејќи со брзина која ја надминува дозволената брзина за најмалку 50 км на час во населено место или за најмалку 70 км на час надвор од населено место, ќе се казни со затвор од 3 месеци до 3 години и со парична казна“.

Фото: МВР

Новиот член 300б предвидува одземање на моторно возило со кое е сторено кривично дело па така предлагачот го дава следново образложение:

„Се предлага додавање на два нови членови 300-а и 300-б. Со членот 300-а се утврдува задолжително изрекување на казната забрана на управување со моторно возило. Имено, од аспект на казнивите дела во областа на сообраќајот на патиштата, за низа прекршоци утврдена е задолжителна забрана за управување со моторно возило, а во однос на кривичните дела, оваа казна е дадена само како можност за судовите, што само по себе говори за своевиден апсурд – за полесни казниви дела – прекршоци – забраната за управување со моторно возило е облигација, а за кривичните дела е само факултативна основа за изрекување. Со предложената измена се утврдува надминување на наведената состојба на начин што се пропишува облигаторно изрекување на овој вид казна за кривичните дела од членовите 297 ставови 1 и 2 кои се однесуваат на „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ , 297-2  за „безобѕирното управување со моторно возило“ и член 300 ставови 1 и 2 кои се однесуваат на „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и се додава:

„Со новопредложениот член 300-б се регулира прашањето за одземање на моторно возило со кое е сторено кривично дело. Со предметната законска одредба се пропишува во некои случаи можност за одземање на моторно возило, но и под строго утврдени услови и облигаторно одземање на возилото“.

Слични содржини