Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека долгорочната поддршка за Украина е обезбедена на состанокот на Европскиот совет, нагласувајќи дека заемот претставува инвестиција на Европа во сопствената безбедност.
Во објава на социјалната мрежа X, Макрон, зборувајќи за Украина и европската безбедност, рече дека ЕУ, соочена со она што тој го нарече руска војна, продолжува со својата долгорочна поддршка за Украина.
Според Макрон, издавањето еврообврзници претставува „голем чекор напред“ што носи поголема предвидливост и конзистентност на европската помош и гарантира дека Украина ќе ги има потребните средства за финансирање на својата одбрана.