Пратеникот на Левица, Саше Јанчев денеска обзнани дека добил закана од прсатеници на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе „удрат по него“ поради учеството сообаќајната несреќа пред неколку месеци, во која имаше повредено двајца малолетници.
„Пред Анкетната комисија за Кочани од пратениците на власта во собраниските ходници добивме и закана дека поради Анкетната ќе удрат по мене. Демек ако Левица ја отвора темата за Кочани они ќе удираат по мене заради сообраќајната несреќа. Чиниш сообраќајната несреќа е исто со она што се случи во Кочани“, сподели Јанчев.