Трошоците за боледување ја чинат германската економија 200 милијарди евра во 2024 година

Според извештајот, секој вработен во Германија отсуствувал од работа во просек 20,8 дена во 2024 година, што е речиси четири дена повеќе отколку во 2020 година, објави „Билд“.

од Vladimir Zorba
16 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТВ Сител

Трошоците за боледување сè повеќе ја оптоваруваат германската економија, а загубите во производството и надоместоците за боледување ги чинеа компаниите повеќе од 200 милијарди евра минатата година, според извештајот на германската влада.

Според извештајот, секој вработен во Германија отсуствувал од работа во просек 20,8 дена во 2024 година, што е речиси четири дена повеќе отколку во 2020 година, објави „Билд“.

Евидентирани се вкупно 881,5 милиони денови за боледување, а секој изгубен работен ден ја чинел компанијата во просек 152 евра, што е за 28 евра повеќе отколку пред пет години.