Американскиот сенатор Линдзи Греам во неделата изјави дека Вашингтон треба драматично да го зголеми притисокот врз Москва, вклучително и со испорака на крстосувачки ракети „Томахавк“ во Украина, доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да прифати договор.
Во разговор за „Meet the Press“, Греам рече дека во случај на уште едно руско „не“, тој очекува претседателот Доналд Трамп да потпише закон со 85 ко-спонзори со кој ќе се воведат тарифи за земјите што купуваат евтина руска нафта, ќе ја прогласат Русија за државен спонзор на тероризмот за, како што изјави, киднапирањето на 20.000 украински деца и ќе запленат бродови што носат санкционирана руска нафта, по „модел“ користен против Венецуела.
US Senator Lindsey Graham:
If Putin says no, we need to dramatically change the game, including giving Tomahawk missiles to Ukraine to hit the drone and missile factories that exist in Russia. pic.twitter.com/w5AhTmC2qh
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) December 21, 2025
„Ако Путин каже не, мора целосно да ја промениме играта, вклучително и давање „Томахавк“ на Украина за да ги погодат фабриките за беспилотни летала и ракети во Русија. Би оделе до крај ако Путин повторно каже „не“, рече Греам.
Сенаторот тврди дека сегашните дипломатски напори ризикуваат Москва да оствари дополнителни придобивки под маската на преговори, додавајќи дека Путин ќе „продолжи да го зема Донбас со сила сè додека притисокот не се зголеми“.
На почетокот на ноември, Трамп изјави дека во моментов не планира да испорача „Томахавк“ на Украина, иако Пентагон изјави дека залихите постојат доколку се донесе политичка одлука. Ракетата „Томахавк“ има дострел од 1.600 до 2.500 километри, што би ѝ овозможило на Украина да напаѓа воени цели длабоко во Русија, потег за кој Путин претходно предупреди дека би претставувал „квалитативно ново ниво на ескалација“.