Мојсоска за новата државна јавна обвинителка: „Конечно Мицкоски може да биде задоволен од работата на Обвинителството“

Пратеничката на Левица информира и дека Анита Тополова-Исајловска е сопруга на поранешниот заменик-министер за надворешни работи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Исајловски

од Nikola Popovski
70 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска со свој коментар за изборот на нов в.д. државен јавен обвинител. Таа сподели со јавноста дека Анита Тополова-Исајловска е сопруга на поранешниот заменик-министер за надворешни работи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Исајловски.

„Конечно Мицкоски може да биде задоволен од работата на обвинителството…“, порача Мојсоска.

Републичката јавна обвинителка Анита Топалов–Исајловска е избрана за вршител на должноста на местото на екс-државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Таа ќе биде на функцијата додека не се избере нов/а на јавен конкурс. Оваа одлука ја донесоа денеска едногласно членовите на Советот на јавните обвинители.

Тополова Исајловска првпат е избрана за обвинителка во 2009 година. Во 2013 била во Вишото обвинителство, а потоа е унапредена во републичка обвинителка и заменичка на екс-државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски.

Изборот на в.д. обвинител следува по неотповикливата оставка на досегашниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена во вторникот, непосредно пред Собранието да расправа за негово разрешување на предлог на Владата.

Истиот ден, парламентот го констатираше престанокот на неговата функција, со што формално се отвори обврската советот да назначи привремен наследник од редот на јавните обвинители, кој ќе раководи со институцијата до избор на нов државен обвинител по редовна постапка.

Слични содржини