Од полноќ ново намалување на цените на горивата

РКЕ со убави вести за возачите - гориваат повторно поевтинуваат

од Nikola Popovski
38 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,18% во однос на одлуката од 19.12.2025 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,899%, кај дизелот за 0,779%, кај екстра лесното масло за 5,006% и кај мазутот зголемувањето е за 0,964%.

Од 23.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 32,607 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,028 ден/кг и сега ќе изнесува 32,607 ден/кг.