Италија ја казни „Рајанер“ со 255 милиони евра за злоупотреба на пазарната позиција

Регулаторот откри дека „Рајанер“ имплементирал сложена стратегија за да им го отежни на традиционалните и онлајн туристичките агенции да купуваат билети на „Рајанер“ и да ја пренасочуваат продажбата исклучиво преку својата веб-страница.

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Италијанската антимонополска управа (AGCM) денес ја казни ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ со 255 милиони евра за злоупотреба на својата доминантна позиција на пазарот за патнички воздушни услуги до и од Италија.

Регулаторот откри дека „Рајанер“ имплементирал сложена стратегија за да им го отежни на традиционалните и онлајн туристичките агенции да купуваат билети на „Рајанер“ и да ја пренасочуваат продажбата исклучиво преку својата веб-страница.

Целта на овие мерки било да се спречат агенциите лесно да ги комбинираат летовите на „Рајанер“ со летови од други превозници или со дополнителни патнички и осигурителни услуги, со што ќе се заштити контролата на „Рајанер“ врз дистрибуцијата на билети и ќе се ограничи конкуренцијата меѓу агенциите.