Косовец учествувал во сообраќајка во центарот на Скопје, па бил фатен на граница во обид да избега

Косовскиот државјанин се сомничи дека во центарот на Скопје учествувал во сообраќајна незгода со автобус на ЈСП

од Nikola Popovski
35 прегледи Фото: Локално

На 22.12.2025 во 15:30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Л.С.(65) од Косово.

Тој се сомничи дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје учествувал во сообраќајна незгода со автобус на ЈСП, по што со неговото возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, го напуштил местото на настанот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини