Зеленски: Главната безбедносна гаранција би била координиран воен одговор од сојузниците

Зеленски денес изјави дека новиот мировен план од 20 точки е „главната рамка за завршување на војната“, нагласувајќи дека безбедносната гаранција за Киев би била координиран воен одговор од САД, Европската Унија и НАТО, во случај на обновен руски напад.

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека новиот мировен план од 20 точки е „главната рамка за завршување на војната“, нагласувајќи дека безбедносната гаранција за Киев би била координиран воен одговор од САД, Европската Унија и НАТО, во случај на обновен руски напад.

Според него, Украина е против повлекувањето на своите трупи од источните спорни области, додека американските преговарачи сакаат воспоставување демилитаризирана зона, или слободна економска зона, објавува Би-Би-Си.

„Постојат две опции. Или војната ќе продолжи, или нешто мора да се одлучи во врска со потенцијалните економски зони“, рече украинскиот претседател, истакнувајќи дека „слободна економска зона“ сега е потенцијална опција.