Лукаревска: Владата ги намали парите за загаден воздух за 50% во споредба со лани

„Несвојствено е да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството, како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздух ќе имаме“, праша пратеничката од СДСМ

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, кое се однесуваше на кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина, но и како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година во година ги намалува средствата за оваа намена.

Таа посочи дека со ребалансот на Буџетот за 2025 година средствата за животна средина се намалени за 13,4%, а ставката „намалување на загадувањето“ е скратена за околу 20%, односно речиси 50% во однос на претходната година.

Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од Реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средни претпријатија.

„Исто така, овој План предвиде, за прв пат, посебни буџетски средства исклучиво за намалување на аерозагадувањето. Планот за чист воздух опфати мерки за намалување на аерозагадувањето во Скопје до 50%, и приближно толку и за останатите градови во државава со исклучително загаден воздух.
Овој План за чист воздух, во својот Извештај во 2019 го нотираше и Европската комисија поздравувајќи го конечно донесувањето на таков документ“, кажа пратеничката.

Лукаревска појасни дека во структурата на Буџетот за 2026 година, имаме намалување од 14,1% или во износ, 727 милиони денари помалку од Ребалансот 2025 или 1,2 милијарди денари споредено со Буџетот за 2025 година.

„Несвојствено е да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството, како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздух ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.

Не се доволни само препораките за ослободување од работни обврски на ризичните групи. Сите полека влегуваме во таа група справувајќи се со последиците, а не со причините.

Моето прашање е кои конкретни мерки ги превземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето , имајќи го во предвид фактот дека од година во година, со секој буџет и ребаланс на буџет, ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем“, праша пратеничката на СДСМ.

Слични содржини