Хоџа најавува нула толеранција за загадувачите

Борбата против аерозагадувањето е мој приоритет, нула толеранција за загадувачите - вели новиот министер Хоџа

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: МЖСПП

Денеска во просториите на Министерството за животна средина и планирање се одржа итна координативна средба на која беа повикани заменик-министерката за животна средина и просторно планирање – Ане Лашкоска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина – Ивана Гиновска, како и одговорни лица за квалитет на воздухот во министерството.

Министерот Хоџа побарал од директорката Гиновска информации во врска со надзорот на работењето на Усје, како и да се изврши надзор над работењето на сите останати правни субјекти кои поседуваат А-интегрирани дозволи за кои е надлежно министерството.

-Целта на ваквата постапка е заедно со вонредни инспекциски надзори да се испита состојбата на терен со обврските кои произлегуваат од поседувањето на вакви еколошки дозоволи.

Воедно, од одговорните лица е побарано известување за имплементација на актуелните мерки за справување со аерозагадувањето, и дадени се задолженија за проверка на степенот на нивна реализација, велат од Министерството.

Се додава дека Хоџа на средбата нагласил дека ова е само првиот чекор од низата на чекори кои како министер ќе ги преземе за справување со овој повеќедецениски сложен проблем, за чие решавање ја повикал соработката и партнерството од сите кои сакаат да помогнат во намалувањето на загадувањето и обезбедувањето на почиста животна средина.

Слични содржини