Струјата поскапува, народот живее се потешко а власта само граба пари од тендери, одговорност мора да има, велат од Бихаќка

„Додека УЈП буквално собира арач за да ги пополни буџетските дупки, власта нема пари за поголеми плати, нема пари за покачување на минималната плата, нема пари ниту за поголеми пензии, нема пари за поврат на ДДВ“, соопштија од СДСМ утрово.

од Vladimir Zorba
11 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Телма

„Додека УЈП буквално собира арач за да ги пополни буџетските дупки, власта нема пари за поголеми плати, нема пари за покачување на минималната плата, нема пари ниту за поголеми пензии, нема пари за поврат на ДДВ“, соопштија од СДСМ утрово.

„Владата на Мицкоски и ВМРО нема пари за плати и пензии – има само за криминални тендери.

161 тендер за една фирма со 5.3 милиони евра, 9 милиони за друга фирма со двајца вработени, тендери за студент на Мицкоски, само за пумпање на парите на граѓаните. Дури и ИПАРД 3 вредна 130 милиони евра е загрозена поради криминал и корупција на ВМРО и ЗНАМ.

Струјата поскапува, народот живее се потешко а власта само граба пари од тендери. Одговорност мора да има. Сите ќе одговарате!“, порачаа од Бихаќка.