Лога: Лидерството на ВЛЕН меѓу југословенскиот и босанскиот модел кои имаат неспособност да генерираат одлуки и долгорочна визија

Поранешниот функционер на АА, Лога истакнува дека ВЛЕН треба да се служи само со докажани западни модели, стремејќи се да се осигура дека ќе се потпира на демократски капацитети, а не на клановски или егоцентрични интереси

од Nikola Popovski
26 прегледи

Поранешниот министер за правда и екс-висок функционер на Алијанса за Албанците, Кренар Лога смета дека раковдоството на ВЛЕН се наоѓа меѓу една средина на „југословенскиот и босанскиот модел“. Како што вели, бидејќи сите ние сме „медиумски малтретирани“ со темата за обединување на албанските владини политички актери во едно политичко тело, треба да се потсетиме дека варијантите што се обидуваат да ги следат се модели кои ја покажуваат нивната различност и дека овие модели што ги предлагаат се познати во нашата географија: во поранешна Југославија по Тито и во актуелна Босна и Херцеговина.

Според Лога, клучната разлика меѓу овие два модела лежи во историскиот контекст и политичката функција.

-Југословенскиот модел беше привремено решение поради недостатокот на унифицирачка фигура по Тито, додека босанскиот модел е конструкт наметнат меѓународно за да се спречи конфликт. Сепак, и двата имаат заеднички именител: НЕСПОСОБНОСТ ДА ГЕНЕРИРААТ ЕФЕКТИВНО ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКИ И ДОЛГОРОЧНА ВИЗИЈА, истакнува поранешниот министер.

Лога истакнува дека ВЛЕН треба да се служи само со докажани западни модели, стремејќи се да се осигура дека ќе се потпира на демократски капацитети, а не на клановски или егоцентрични интереси.

-Во спротивно, нека го завршат јавното малтретирање и да останат во постоечките субјекти како поединечни партии, бидејќи нема ништо лошо тие да продолжат да функционираат и како коалиција, посочува поранешниот функционер од крилото на АА предводено од Зијадин Села.