Ѓорѓиевски: Традиционалната Дедомразовска трка и оваа година го обои плоштадот „Македонија“

Над 800 учесници на Дедомразовската трка на плоштадот „Македонија“

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски

Традиционалната Дедомразовска трка и оваа година го обои плоштадот „Македонија“ со насмевки, радост и вистинска новогодишна магија. Со повеќе од 800 учесници, градот денес пулсираше во празничен дух, а најмалиот учесник, стар само половина годинка, за мене е апсолутниот победник и најубавиот симбол на надежта и иднината, објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека најмладите биле израдувани со новогодишни пакетчиња, додека „Златните славејчиња“ се погрижиле за незаборавна забава, која ги стоплила срцата на сите присутни.

-Огромна благодарност до Здружението „Прв до врв“ и Coca-Cola, кои со својата поддршка ја збогатија новогодишната еуфорија и уште еднаш покажаа дека празниците се најубави кога се споделуваат заедно. Забавата продолжува и вечерва. Со почеток од 18:00 часот, на градскиот плоштад ќе ве забавуваат Miyatta и DJ Goran. Се гледаме, објави Ѓорѓиевски.