Пронајден телефон во келијата на сопственикот на „Пулс“, доби опомена од судијката

Судијката во судскиот процес за пожарот во Кочани соопшти дека овој пат ќе му изрече само опомена на Јованов, но оти ако се случи повторно, ќе му забрани да прима посети

од Nikola Popovski
9 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/МИА

Пронајден мобилен телефон „Нокиа“ со сим-картичка во келијата на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, сопственик на дискотеката „Пулс“ во Кочани. Ова денеска беше соопштено на рочиштето од судскиот процес за големата трагедија од страна на судијката Дијана Груевска Илиевска.

Јованов се наоѓа во притвор во затворот во Куманово.

Судијката додаде дека овој пат ќе му изрече само опомена, но оти ако се случи повторно, ќе му забрани да прима посети.

На денешното рочиште, кое започна со половина час задоцнување, поради доцнење на еден од адвокатите од одбраната, треба да бидат сослушани тројца сведоци – законски застапници  на оштетените.