Во наредните денови ќе се одржат средби со европски и американски советници, по што ќе следат разговори за деталите од мировниот план на ниво на „Коалицијата на волните“, а потоа и можни средби со претставници на Руската Федерација, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Пред се, во наредните денови сакаме состанок на ниво на советници. Рустем Умеров (секретар на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана) веќе контактираше со сите американски и европски советници. Сакаме таков состанок и, мислам, ќе направиме сè за конечно да се одржи овој состанок во Украина. Потоа, ќе ги подготвиме сите документи на ниво на советници, а ќе има и средби на ниво на европски лидери, прво со Украина во широк состав – ова е „Коалицијата на волните“, рече Зеленски во преписка со новинарите, пренесува Укринформ.
Според Зеленски, по „Коалицијата на волните“, ќе бидат договорени релевантни документи на ниво на европски лидери, а ќе се направат и подготовки за состанок меѓу европските лидери и американскиот претседател Доналд Трамп.