Откако вчера АКТ на СДСМ го објави скандалот за тендерот од 1,2 милиони евра кои го добива фирма БС КЛИНИНГ ДООЕЛ блиска до ЗНАМ од Пошта кој беше пријавен преку плтформата „МИЦКО.мк“, од партијата денеска прочитаа наводи од писмо на вработен во Пошта А.Д. исто така доставено до нив, со основано сомнение, како што велат, за тоа како преку овој тендер се пумпаат пари од граѓаните.
„Пријавувам организирана кражба на 25.000 евра евра месечно или 300.000 евра годишно преку договорот со фирмата БС КЛИНИНГ ДООЕЛ“, наведува свиркачот, вработен во Пошта во писмото.
Според тендерот за хигиена во сите 14 поштенски подржуници задолжително треба да има по 2 хигиеничари/ки а во Пошта 2 задолжително по 10 хигиеничари. А каква е реалната состојба? Само во 4-5 подужници има по 2 и работата само неколку часа дневно. Во другите 10 подружници има само по 1. Во Пошта 2 само 6-7. Значи постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари.
Спроед тендерот треба да има во сите 14 подружници по 2 хигиеничари“, рече генсекот на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.
Тој додава дека „месечен трошок за еден хигиеничар е над 40.000 денари, при што недостасуваат 14 хигиеничри, значи тоа се над 560.000 денеари месечно“.
„Постоечките 25-26 хигиениари работат само 50% од времето, тоа се нови 550.000 денари.
Заедно со другите давачки уште 200.000 денари доаѓаме до речиси 25.000 евра месечно. Тоа се 300.000 евра годишно! Ете ја шемата, ете ја корупцијата.
Како се прикрива ова? Според писмото на вработениот во Пошта, со потпишување на лажни дневници за целосно отсустните хиниеничари и со лажни извештати за реализирани генерални чистења, кој воопшто не се реализираат а вработените работат во прљавштина и супстандардни услови“, кажа Димитријевиќ, прашувајќи во „чии џепови завршуваат испумпаните пари и кој ќе одговара“.