Италијанските медиуми известуваат дека пред два дена избила масовна тепачка во бар надвор од областа Сан Систо, во близина на градот Перуџа, меѓу две групи иселеници од Македонија и Алабанија.
Истрагата открива дека до крвавиот инцидент не дошло поради банална причина – фотографија направена со мобилен телефон. Вербалниот конфликт во барот ескалирал за неколку минути, по што групите излегле на улица и користеле маси, столици и дрвени палки. Во тепачката учествувале и неколку романски државјани.
Според тамошните извештаи, италијанската полиција уапсила 11 лица на возраст меѓу 19 и 31 година, од кои пет имале криминални досиеја.
Инцидентот добил уште подраматичен пресврт кога двајца од учесниците, во обид да побегнат со автомобил, со голема брзина удриле 27-годишен македонски државјанин. Лицето е згрижено во болница и не е во критична здравствена состојба.
Сите приведени се префрлени во затворот „Капане“ во Перуџа и ќе се соочат со обвиненија за тешко насилство.