Екс-директорот на „Шутка“, Андов осуден на осум месеци затвор

Според објавените пресуди, сите останати вработени во КПУ Затвор „Скопје“ кои се обвинети во случајот, се осудени на условни затворски казни

од Nikola Popovski
52 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

Основниот кривичен суд Скопје ја објави пресудата за предметот со КОК бр. 98/25 поврзан со вработени во КПУ Затвор „Скопје“ со која, обвинетите ги огласи за виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар. Според објавеното, екс-директорот на затворот, Филип Андов- „Сокол“ за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување, доби казна затвор во траење од 8 месеци.

Според објавените пресуди, сите останати вработени кои се обвинети во случајот се осудени на условни затворски казни.

Понатаму во соопштението на Кривичниот суд се додава дека обвинетиот П.А. за  кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.1 вв со чл. 45 и чл. 22 од КЗ му изрече алтернативна мерка – Условна осуда од 6 месеци затвор кои нема да се реализираат доколку во следните 2 години од правосилната пресуда не стори ново кривично дело.

-Обвинетиот Ѓ.Р. за кривичното дело Несовесно работење во службата од чл. 353 – в ст.1 од КЗ му изрече алтернативна мерка – Условна осуда од 3 месеци затвор кои нема да се реализираат доколку во следните 1 години од правосилната пресуда не стори ново кривично дело,

Обвинетиот С.П. за кривичното дело Несовесно работење во службата од чл. 353 – в ст.1 од КЗ му изрече алтернативна мерка – Условна осуда од 3 месеци затвор кои нема да се реализираат доколку во следните 1 години од правосилната пресуда не стори ново кривично дело,

Обвинетиот Т.Н. за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.1 вв со чл. 45 и чл. 22 од КЗ и кривичното дело Несовесно работење во службата од чл. 353 – в ст.1 од КЗ, му утврдува единствена казна, односно алтернативна мерка – Условна осуда од 8 месеци затвор кои нема да се реализираат доколку во следните 3 години од правосилната пресуда не стори ново кривично дело,

Обвинетиот Е.О. за кривичното дело Несовесно работење во службата од чл. 353 – в ст.1 вв со чл. 45 од КЗ му изрече алтернативна мерка – Условна осуда од 6 месеци затвор кои нема да се реализираат доколку во следните 2 години од правосилната пресуда не стори ново кривично дело и

Обвинетиот К.В. за кривичното дело Несовесно работење во службата од чл. 353 – в ст.1 од КЗ му изрече алтернативна мерка – Условна осуда од 3 месеци затвор кои нема да се реализираат доколку во следните 1 години од правосилната пресуда не стори ново кривично дело, стои во соопштението од Судот.

Претходно, Обвинителството за организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на затворот „Скопје“ и против повеќе затворски надзорници и полициски службеници. Според обвинението, осум лица беа опфатени со постапката, додека за две лица истрагата беше запрена поради недостиг на докази.

Според наводите во обвинението, во периодот од март до јули 2024 година, обвинетите со умисла извршиле повеќе меѓусебно поврзани дејствија при вршење на службените овластувања, со што на петмина осуденици им овозможиле незаконски погодности. Осудените биле спроведувани до своите домови и до други локации за приватни потреби, спротивно на пропишаната постапка за спроведување лица лишени од слобода надвор од казнено-поправна установа.

Андов од неодамна беше назначен за нов член на Извршниот одбор на СДСМ.