Советникот од СДСМ во Советот на Град Скопје и член на партијата, Ѓорѓи Галетановски со свој став по изречената затворска казна за екс-директорот на затворот „Скопје“, Филип Андов – „Сокол“. Тој ги обвини правосудните власти и тврди дека Андов бил осуден без докази.
„Без ниеден доказ без ниедна изјава против судите човек што не прекршил закон во работењето и помагал на секого, а за тешки дела давате условни. Срамота, многу ви се и тие 2 посто, арам“, стои во објавата на Галетановски.
Поранешниот директор на затворот „Скопје“ и актуелен член на Извршниот одбор на опозицискиот СДСМ е прогласен за виновен и осуден на осум месеци затвор во судскиот процес што против него и уште шестмина затворски полицајци се водеше за злоупотреба на службената положба и овластување, соопштиjа денеска од Основниот кривичен суд Скопје.
За разлика од него, останатите обвинети во овој предмет поминаа со условни казни. Оваа пресуда доаѓа по судскиот процес во кој се докажуваше одговорноста на раководството и вработените за пропустите во работењето на истражниот затвор.