Две лица измамиле старец за сума од 5000 евра

Едниот се претставил дека бил од Хрватска кој работел во Кувајт и го прашале старецот дали може да им покаже евра за да ги споредат со еврата што ги имаат

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

На 30.12.2025 во 16:00 часот во СВР Скопје, 85-годишен маж од Скопје пријави дека бил измамен од две лица за сума на пари од 5.000 евра. Според пријавеното, тие околу 11:00 часот на подрачјето на Центар го пресретнале него, при што едниот се претставил дека бил од Хрватска кој работел во Кувајт и го прашале дали може да им покаже евра за да ги споредат со еврата што ги имаат.

Како што е пријавено, тој ги зел парите од неговиот дом и им ги дал, а двете лица како гаранција му оставиле три алки наводно дијамантски да им ги чува, додека не му ги вратат парите.

Исто така, според пријавеното, откако не се вратиле сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини