СДСМ оддаде почит на ликот и делото на Киро Глигоров

Денеска се навршуваат 14 години од смртта на Глигоров, човекот чиј живот и дело се нераскинливо поврзани со раѓањето на современата македонска држава

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: СДСМ

По повод 14 годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, во состав: Љупчо Фармаковски организациски секретар, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор и Симона Цветановски – членка на Извршен одбор, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечното почивалиште.

-Со длабока почит се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство ги постави темелите на современата и независна македонска држава.

Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба.

Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас, порачаа од СДСМ.

Денеска се навршуваат 14 години од смртта на Глигоров, човекот чиј живот и дело се нераскинливо поврзани со раѓањето на современата македонска држава.