Тешки повреди на новогодишната ноќ: 30-годишен пациент пронајден по пад од висина, мало дете со прострелна рана во главата…

Од Клиниката соопштија дека во Скопје немало тешки сообраќајни несреќи

од Nikola Popovski
31 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Канал 5

Бурна новогодишна ноќ на скопската Клиника за хирургија. Како што беше соопштено денеска, од собраќајни незгоди двајца пациенти се пуштени на домашно лекување со лесни телесни повреди. Една малолетна девојка од Тетово, на возраст од 17 години, е донесена со тешка телесна повреда и во моментов се извршува операција.

Според надлежните, во Скопје синоќа немало сообраќајни несреќи.

-Донесени се политрауматизирани пациенти по пад од висина. 30-годишен пациент, од непознати причини, е јавено дека е пронајден паднат во близина на „Буњаковец“. Тој е во животозагрозувачка состојба, извршено е оперативно лекување на рбетниот столб и во моментов се наоѓа на Клиниката за интензивно лекување. На Неурохирургија е примен 16-годишен пациент од Штип, исто така при пад од висина. Дете со непознати лични податоци од две години е примено на Интензивна нега, со проектил во главата од оружје. Исто така е во животна состојба, рече доктор од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во изјава за медиумите за останатите лица кои биле примени во здравствената установа за време на новогодишната ноќ.

Во текот на ноќта биле евидентирани и осум случаи на физички напади. Шест пациенти со телесни повреди се пуштени на домашно лекување, како и едно лице со површна повреда од нож во левата лумбална регија.