Мицкоски: И во април ќе има линеарно зголемување на пензиите

Сакаме да го намалиме нивото на стапката на сиромаштија кај оваа група, рече Мицкоски за линеарното зголемување на пензиите

од Nikola Popovski
83 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

На првиот ден од новата 2026 година, премиерот Христијан Мицкоски повторно говореше за пензиите. Тој при работната посета на Општина Кавадарци рече дека ќе има линеарно зголемување на пензиите во април, за мартовската пензија.

-Продолжуваме со таа политика. Последните статистички параметри на ДЗС за нивото на сиромаштија и Џини-коефициентот само дополнително ја оправдуваат политиката на Владата за линеарното зголемување на пензиите – најпрвин оние 2500 денари кои што се случија во ноември во 2024 година, па оние дополнителни 2500 денари во април во 2025 година, па оние 1000 денари во ноември 2025 година. Така ќе биде и сега во април 2026 година. Сакаме да го намалиме нивото на стапката на сиромаштија кај оваа група, а со тоа да го намалиме и Џи-ни коефициентот кој што значи нееднаква распределба кај доходите кај различни групи на граѓани. Во таа насока, добро се движиме, кажа Мицкоски.