Нова година на „Токсикологија“: Најмладиот пациент има 14 години

Од вкупниот број примени, 13 лица биле малолетни

од Nikola Popovski
12 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Телма Тв

Полни раце работа за вработените во Универзитетската клиника за токсикологија, каде во првите 12 часа биле примени вкупно 31 пациент со симптоми на интоксикација.

Како што информираат од клиниката, најмладата пациентка има 14 години, додека најстарата е на возраст од 44 години. Од вкупниот број примени, 13 лица биле малолетни.

Според половата структура, 21 од пациентите биле од машки, а 10 од женски пол. Иако дел од токсиколошките анализи сè уште се во тек, лекарите посочуваат дека најверојатната причина за приемите е алкохолна интоксикација.

Од Клиниката нагласуваат дека сите пациенти се згрижени и пуштени на домашно лекување, без задржани лица на болничко лекување.