ОЈО изврши увид во Скопската чаршија каде што беше убиен турскиот државјанин

Убиството и повредата се случиле за време на масовна тепачка меѓу странски државјани пред угостителски објект во Чаршијата еден час по полноќ

од Nikola Popovski
35 прегледи Основно Јавно Обвинителство/Фото: Принтскрин/Јутјуб/Канал 5 ТВ

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на локација во Старата скопска чаршија каде еден турски државјанин бил убиен, а еден повреден.

Издадени се и наредби за прибирање докази.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на локација во Старата скопска чаршија каде околу 1 часот по полноќ беа пронајдени двајца турски државјани со повреди од остар предмет, од кои едниот малку подоцна почина. Издадени се итни наредби за обезбедување докази и МВР постапува за откривање на сторител на кривично дело и расчистување на настанот“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Убиството и повредата се случиле за време на масовна тепачка меѓу странски државјани пред угостителски објект во Чаршијата еден час по полноќ. За убиството и ранувањето е осомничен друг странски државјанин кој е во бегство. По извршителите странци се трага, велат од МВР.

Двегодишно дете е посериозно повредено во главата од метален фрагмент и е во животна опасност. Седум се повредени од петарди, тројца се потешко повредени во сообраќајки, 31 пациент прекумерно конзумирал алкохол.