Македонската амбасада во Швајцарија отвори телефонска линија за трагедијата во Кран-Монтана

Амбасадата внимателно ја следи состојбата и е во целосна подготвеност да им пружи неопходна помош на своите државјани

од Nikola Popovski
37 прегледи Фото: Х/Принтскрин

Амбасадата на Република Северна Македонија во Берн е во постојана комуникација со надлежните институции во Швајцарија. Амбасадата внимателно ја следи состојбата и е во целосна подготвеност да им пружи неопходна помош на своите државјани.

Воедно од амбасадата информираат дека на официјалните социјални мрежи на Амбасадата на Република Северна Македонија, како и на Фејсбук-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се објавени контакт информации за сите на кои им е потребна поддршка или дополнителни информации.

Во случај на потреба од асистенција, ве молиме контактирајте го итниот број на Амбасадата: +41 79 923 79 57.

-Во име на Амбасадата на Република Северна Македонија во Швајцарската Конфедерација, сакаме да ја изразиме нашата најискрена сочувство и длабоката солидарност за тешката трагедија што се случи за време на новогодишната ноќ во Кран-Монтана. Со голема тага ја примивме веста за загубата на животи и за сериозните последици од овој трагичен настан. Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите, со повредените, како и со сите оние што се погодени од оваа трагедија.

Ве молиме, примете ја нашата најдлабока жалост и уверувањето за нашата целосна солидарност со народот и институциите на Швајцарската Конфедерација, стои во соопштението на Македонската амбасада во Берн.